| четврток, 6 декември 2018 |

Аудито на Вучиќ – Моќното возило кое на сите им падна во очи

Хрватскиот весник „Јутарњи лист“ во текстот под наслов „Моќното возило кое на сите им падна во очи“ детално ги опиша карактеристиките на возилото со кое во текот на посетата на Хрватска се возел претседателот на Србија Александар Вучиќ.

„Стотка за 6,5 секунди, 425 коњски сили, а чини 134.000 евра“, пишува весникот и додава дека во колоната од петнаесетина црни лимузини и џипови на авенијата „Хрватска братска заедница“, посебно се издвојува „Аудито А8 Л“ со белградски таблички BG 1108-11.

Се работи за блиндирана верзија на германскиот произведувач со ниво на балистичка заштита 9, со каросерија изработена од материјали од кои вообичаено се произведуваат воени возила и отпорна на куршуми од пушка, со 425 КС, пишува „Јутарњи лист“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top