| четврток, 6 декември 2018 |

Голем пожар се заканува да проголта трговски центар во Ријека (ФОТО+ВИДЕО)

Пожарникари од Ријека и Опатија се борат со голем пожар во населбата Шкуриње, во коерцијално-услужнен центар непосредно до трговскиот центар Фиуме, објавија хрватските медиуми.

Пожарот избил вечерва во 21 часот во складиште на фирмата Елгарда во улицата Осјечка. Засега не се познати причините поради кои избил пожарот во складот изграден од пластични материјали, што особено го отежнува гнаснењето на огнот.

Екипите на теренот се обидуваат да го запрат ширењето на пожарот кон трговскиот центар „Фиуме“. На местото се слушаат детонации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top