На 66-годишна возраст денеска во Скопје почина Мирче Стојчевски, инспициент во Македонската опера и балет.
Стојчевски во Македонската опера и балет го поминал речиси целиот работен век.
На почетокот беше хорски уметник-бас во операта, потоа во еден период ја вршел функцијата асистент-режисер, а најголем придонес во работењето на куќата оствари на местото инспициент. На сцената на МОБ толкуваше и неколку улоги: Саид Ефенди и Иван Бадев во операта „Илинден“ на Кирил Македонски и „Мечката“ во „Шекерната приказна“ на Димитрие Бужаровски. Беше асистент-режисер во претставите „Болен Дојчин“ и „Шекерната приказна“.
Посмртните останки на Мирче Стоjчевски ќе бидат изложени во капелата на Градските гробиште Бутел, во сабота на 17 февруари од 13 до 14 часот, а погребот ќе се изврши во 14 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


