Опозицијата не е информирана за текот на преговорите околу името, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција, во врска со тоа дали е информирана ВМРО-ДПМНЕ околу преговорите за името и како ја коментира изјавата на Зоран Заев дека за три од понудените точки е постигнат компромис.
– Од медиумите дознавме дека министрите за надворешни работи ќе се сретнат во Виена, каде што имаше дводневна сесија на преговори, за деталите од тие преговир не сме информирани, ниту знаеме која е поканата за да се случат тие средби, ниту пак знаевме за местоположбата на одржување на оваа сесија на преговори помеѓу министрите за надворешни работи на Република Македонија и Република Грција.
Мицкоски вели дека Зоран Заев во една изјава која ја дал за медиумите кажал дека 3 од 7 спорни точки биле надминати.
– Но, денеска еве сведоци сме дека министерот за надворешни работи го демантира ова. Тој вели дека за ниту една од сите 7 спорни точки не е постигнат напредок. Информациите врз основа на кои што можеме да коментираме ги добиваме исто како и вие и се темалт на она што вие новинарите го соопштувате на македонската јавност. За детали не би сакал да коментирам, бидејќи истите ги немам, изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


