| четврток, 6 декември 2018 |

Суспендиран водичот кој ја водеше групата на Кајмакчалан

Федерацијата на планинарски спортови го суспендирала водичот на групата која изминатиот викенд се искачуваше на планината Ниџе од грчка страна кога двајца македонски планинари загинаа.

 

Федерацијата на планински спортови му ја одзема лиценцата на водичот Зоран Костадиновски од „Трансверзалец“ и забрани организирање планински тури на планини повисоки од 2.000 метри до 21 март. Како што рече претседателот на Федерацијата, Јовица Угриновски, лиценцата на Костадиновски му се одзема поради технички пропусти во организирање на турата, а повеќе од морални причини.

Костадиновски водеше група планинари на Кајмакчалан дента кога се случи несреќата во која загинаа Калина и Александар.

Во извештајот и анализата за искачувањето на Кајмакчалан се наведува дека кон врвот тргнале 63 планинари предупредени од водичот дека во зависност од временските услови може да биде прекинато искачувањето во било кој момент.

Калина Велевска и Александар Миновски загинаа при искачување на врвот Кајмакчалан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top