На гробиштата во тетовското село Шешмово, денеска беше погребан генералниот секретар на Демократска унија за интеграција, Абдилаќим Адеми, кој почина по тешко боледување. Од него се простија членови на семејството, пријатели, сопартијци и познаници.
На погребалната церемонија присуствуваа лидерот на ДУИ, Али Ахмети и членови на Демократската унија за интеграција како и владини функционери.
По погребалната церемонија, сопартиецот од ДУИ, Бујар Османи, му заблагодари на Адеми за добрите дела што ги направи додека беше дел од извршната власт, со ветување дека неговите почнати проекти и натаму ќе се спроведуваат.
-Како носител на високи државни и национални функции, како пратеник, вицепремиер за спроведување на Охридскиот договор, како министер за животна средина, и потоа за образование, направи Албанците државата да ја чувствуваат за своја. Бројни училишта и проекти до лани, меѓу кои и основањето на новиот државен универзитет на албански јазик, го носат потписот на Адеми. Ќе направиме се овој отворен фронт на проекти што останаа до половина да ги довршиме како твој непишан тестамент, рече Османи во неговиот говор.
На крајот на церемонијата беше прочитана телеграма со сочуство од премиерот Зоран Заев.
Телеграма со сочувство до семејството на починатиот испрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски,
„Со жалење ја примив веста за смртта на Абдулаќим Адеми, поранешниот пратеник, министер за образование, министер за животна средина и просторно планирање, заменик претседател на Владата задолжен за спроведување на Рамковниот договор и генерален секретар на ДУИ“, наведува претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во телеграмата испратена до семејството на Адеми.
„Дозволете ми од мое лично име и од името на партијата, да го упатам моето искрено жалење и длабоко сочувство до сите членови на вашето семејство и пријатели. Во овие моменти, знам дека не постојат зборови кои може да ја намалат загубата во вашето семејство, но со споделувањето на чувствата се споделува и тагата.
Спомените за него нема да избледат, Абдулаќим Адеми пред се’ како човек, а потоа и интелектуалец остави големи траги кои нема да се заборават.
Нека почива во мир“ – се вели во телеграмата на Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


