| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес во Скопје

Земјотрес со јачина од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во Скопје и околината.

Земјотресот е регистриран во 15 часот и 43 минути и потекнува од скопското епицентрално подрачје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот е на само неколку километри источно од централното градско подрачје, со локална Рихтерова магнитуда од два степена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top