Четириесет и тригодишен маж со потекло од Србија загина во тешка несреќа која се случила на градилиште во Виена, на коешто работел. До несреќата дошло додека кран преместувал бетонска канта, кантата удрила во Србинот и го соборила од ѕидот на кој стоел.
-Од невнинамие на на друг работник Србинот бил удрен и соборен од ѕид. Неговите колеги повикале брза помош, противпожарна единица и полиција. За жал, и покрај напорите, човекот починал на самото место.
Полицијата ги проверува околностите под кои настрадал човекот. Момчето (24) кое управувало со кранот доживеало нервен слом и е сместено во болница. Ќе одговара за убиство од невнимание.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст