Федерацијата на планинарски спортови објави детален извештај од командантот на тимот за брз одговор за заштита и спасување на планина при Дирекцијата за заштита и спасување за тоа што се случувало на Кајмакчалан каде што викендов младите планинари Калина Велевска и Александар Миновски ги загубија животите.
Во продолжение го пренесуваме извшетајот интегрално:
Хронологија на случувањата
10.02 2018 :
01 часот поагање на автобусот од Скопје.(мк време)
9 часот (грчко време )присигнување во ски центарот Ворас.
9,30 поаѓање на групата
10 часот враќање на I група планинари (23)
11 часот поделба на колоната на две групи
11,15 часот I-та група е на врвот
11,20 часот групата се враќа назад
11,30 средба на групата што се симнува со групата што се качува. Наредба да втората група го прекине искачувањето поради влошените временски услови и да се вратат заедно назад. Наредбата е издадена од водичот Зоран Костадинов лично на водичот на втората група.
11,35 часот двете групи почнуваат заедничко симнување кон ски – центарот освен 7 планинари кои се одвојуваат од групата и самоиницијативно продолжуват кон врвот, стигнуваат до маузолејот. Во тој момент е воспоставен радиоконтакт помеѓу водичот Зоран и Александар. Александар добива изричита наредба од Зоран да тргнат назад што побрзо.
Пет члена од оваа група се сретнува со остатокот од групата и со водичот Зоран на 50 метри од контролната ски куќичка. Увидувајќи дека недостасуваат двајца планинари водичот придружуван со уште двајца планинари (Д.К. и Б.П) се враќаат назад кон врвот, пристигнуваат на врвот и ја пребаруваат околината обидувајќи се да воспостават радио контакт и телефонски контакт. Пребарувањето на тренот трае 30-40 минути. Под претпоставка дека двајцата планинари (К.В. и А.М.) се вратени назад, групата што ги пребарува се упатува надолу кон центарот.
13 часот групата која што пребарува пристигнува во ски центарот, констатира дека недостасуваат двајца планинари и ја алармира спасителната служба во центарот.
13,10 часот, два ратрака од центарот придружувани во едниот со водичот Зоран и во другиот со Дејан се упатуваат кон врвот по потрага.
Ратракот придржуван со Дејан го пребарува теренот до 14,30. По нивното враќање во центарот Дејан воспоставува телефонски контакт со Калина и Александар, кои му кажуваат дека се добро и дека се под некоја карпа во заветрина. За ова по радиоврска од центарот е информиран ратракот во кој се наоѓа Зоран и почнува претрага на терен каде што се претпоставува дека има карпа.
17 часот потрагата со ратракот е прекината и тимот со Зоран се враќа во Ски центарот. Во меѓувреме 1 ратрак во кој е Дејан повторно трнува во потрага во обид да ги лоцира според остварениот контакт. Телефонски контакт помеѓу овој ратрак и Алексадар и Калина се одржува се до 19 часот.
АНАЛИЗА И ИЗВЕШТАЈ ЗА ЗИМСКОТО ИСКАЧУВАЊЕ НА КАЈМАКЧАЛАН 2018
1. Терен и карактеристики на маршутата
Појдовна точка: Скијачки центар Ворас (2070 мнв) – Грција
Целна точка: врв Кајмакчалан (2520 мнв), маузоолеот и костурницата од I Светска војнa
Завршна точка: Ски центар Ворас
Карактеристики на теренот: Планираната маршута е на чист, непошумен терен со просечен нагиб од 25-30 степени што се зголемува до 35 степени на 400 метри пред врвот.
Целиот трен е прекриен со снег кој е добро утапкан и чврст ( ски стаза што го олеснува движењето)
Теренот е обезбеден со уредно поставени зимски маркации од левата и десната страна на ски стазата како и жичарата и столбовите кои можата да послужат како добра маркација.
На 410 метри од врвот постои контролна куќичка од ски лифтот (види прилог топографска карта и google earth).
2. Просечни времетраење на искачувањето
– 3-4 часа во зимски услови.
3. Метеореолошки услови (види извод од хидромереолошки завод):
На самиот старт, временските услови биле релативно неповолни со ветер 30-40 м /сек.
Температура од -9 степени целзиусови и магла со видливост од 100 -150м. Овие метереолошки услови се вообичаени и очекувани за периодот и локацијата на акцијата.
Подоцна, метео-условите се влошуваат со ветер до 50 км на час и температура од -10 до -12 степени целзиусови и магла со видливост од 15 – 20 м. што веќе може да се смета за неповолни услови за зимско планинарење.
4. Целата група на местото на пристигнувањето брои 54 (пристигнати со автобус), плус 12 учесници (од Демир Хисар пристигнати со минибус) и плус две учесничи (странски државјани пристигнати со сопствени возило).
По информација за временските услови на турата кон врвот појдуваат 63 планинари предупредени од водичот дека во зависност од временските услови искачувањето може да биде прекинато во било кој момент.
На половина пат кон врвот 23 планинари се откажуваат од понатамошното искачување и се вракаат во ски центарот.
Кон врвот продолжуваат колона од 40 планинари. На отприлика 600 м од врвот колоната се поделува на две групи: 22 планинари предводени од Зоран Костадинов одат први, а останатите од групата предводени од Калина Велевска ги следат на околу 100 -150 метри растојание.
5. Состав на групата:
Водичи: два
Искусни планинари: 28
Планинари: 6
планинари- почетници 4
6. Лична опрема на учесниците:
80% од учесниците се соодветно опремени за искачување во зимски услови, а 20% релативно добро опремени.
7. Средства за комуникација:
Индивидуални мобилни телефони
Радиоврска (токи-воки) 2 комада – на почетокот и крајот на колоната.
8. Опрема за ориентација:
GPS, компас и топографска карта
мобилните телефиони имааат апликација за GPS и локација.
ПРЕТХОДНИ АКТИВНОСТИ
1. Организатор ДПС.„Трансверзалец“ ( 20 години традиција, 200 регистрирани членови, 6 лиценцирани водичи и 4 во постапка на лиценцирање).
2. Акцијата зимско искачување е најавена 45 дена пред реализацијата на facebook на друштвото со точно наведени напаствиjа за секој од учесниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст