| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинението е конфузно, празно и неиздржано, одбраната не гледа никаква вина кај обвинетите

Кадија те тужи, кадија те суди, рече на денешното судење поранешниот премиер Никола Груевски, во реплика до обвинителката Ленче Ристовска, која претходно изјави „дека некому можеш сосила да му земеш, а не да му дадеш“, објаснувајќи дека обвинетите не нашле време да ги видат и добијат записниците од претходните рочишта. Груевски алудираше на „една неприродна спрега меѓу СЈО и судот“. Тој е еден од обвинетите во предметот на СЈО „Тенк“ за набавката на владиниот мерцедес, на кој откако му ја намали вредноста, новата влада го продава.

-Судењето досега го сметам за нефер и некоректно, без еднакви можности за мене и за одбраната. Непријатно се изненадив што на СЈО во повеќе наврати му беше дозволено да се произнесува, а мене и денеска ми беше одземено правото на збор. Сето тоа ми отвора сомнеж за спрега меѓу СЈО и судот. Се ова наликува на народната поговорка “кадија те тужи – кадија те суди”. Не бараме ништо посебно. Само да се почитува законот и досегасната пракса. Судот на Јанкулоска денес не и го доставил записникот на пријвница. Тоа не е пропуст на одбраната. Дали ние треба да талкаме по канцеларии? – запраша Груевски и додаде дека за него единствен доказ е незаконски прибавен телефонски разговор кој го нема слушнато и не може да се произнесе.

Гордана Јанкулоска и Ѓоко Поповски исто така посочија дека не може да дадат воведен збор со оглед на фактот дека не е овозмозен соодветен увид во предметот и доказите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top