Владата не може да дава плати во приватни фирми, но сепак ќе се заземе за решавање на проблемот што го имаат вработените во Веибо Груп од Крива Паланка кои повеќе денови штрајкуваат и си ги бараат трите неисплатени плати и ќе се обиде да најде инвеститор кој ќе ги вработи, доколку Веибо одлучи да престане да работи во земјава, најави вицепремеиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Тој посочи дека утринава имал два состанока за надминување на проблемот што го имаат вработените во Веибо, а упатил и покана да сопственикот на компанијата во понеделник да дојде во земјава и да се изјасни дали има намера да продолжи да работи во Македонија.
– Веибо е приватна компанија која долго време преговарала со поранешната влада за одредени субвенции и тука имало неодговорен однос од двете страни, а резултат на тоа е денешната ситуација која се случува во Крива Паланка, 200 вработени да останат без работа. Како Влада можеме да ги направиме сите можни чекори за да дојде соодветен инвеститор на местото на Веибо за да ги вработи тие луѓе во соодветната бранша. Имаме веќе неколку разговори на таа тема и ги замолувам вработените да бидат трпеливи, рече Анѓушев во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.
Нагласи дека Веибо е компанија која, како што рече, покажува што се случува кога брзо се сака да се прогласи странска инвестиција, а при тоа не се проверува и што се прави.
– Во Планот за економски раст нема да се даваат авансно пари за ниту еден инвеститор, туку ќе се рефундираат пари на инвеститорите после покажани резултати. Ние ќе стимулираме резултати и успех, а тоа е најголема гаранција дека нема да ни се случуваат вакви работи, рече Анѓушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст