| четврток, 6 декември 2018 |

Шилегов: Во мое време не се котат кучињата скитници

На седницата за советнички прашања, советничката од ВМРО-ДПМНЕ Светлана Колариќ го праша градоначалникот Шилегов зошто не се превзема ништо конкретно за решавање на проблемот со кучињата скитници во градот.

Таа праша и дали ќе профункционира „Вардариште“.

Шилегов изјави дека заловиштето „Вардариште“ било минато и не планира позначајна ревитализација, туку дека ќе се обезбедело нов пристап во решавањето на проблемот.

Но, Шилегов истакна и дека проблемот не бил толку голем бидејќи кучињата и не се котеле до толку додека тој е градоначалник.

Тој не ја објасни причината и од каде му е ова сознание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top