Европската унија е “многу убедена” дека Македонија ќе го реши тековниот долг спор со Грција за своето име пред јули, рече еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
Атина одамна се спротивставува на името на Македонија, тврдејќи дека тоа значи оти Скопје ќе бара територија и наследство на историскиот северен дел од Грција со исто име. Спорот, кој се разви од осамостојувањето на Македонија од распадот на Југославија во 1991 година, ги попречи плановите на Скопје за влез во НАТО и во Европската унија.
Запрашан дали овој спор може да се реши до крајот на бугарското претседателство на блокот, кој завршува во јуни, комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, рекол дека е “многу убеден”.
Хан е во Софија на разговори меѓу министрите за надворешни работи на ЕУ и нивните колеги во земјите кандидати за влез во блокот.
ЕУ минатата недела претстави нов план за членство на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, но рече дека мора да ги решат споровите пред да се приклучат.
Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, изјави за новинарите во Софија дека Македонија како земја е зрела и дека нема потреба од “корени од пред 2000 години за да се уверат”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст