| четврток, 6 декември 2018 |

Поетот и професор Владимир Мартиновски напиша песна за Калина Велевска

Професот и поетот Владимир Мартиновски на Фејсбук сподели песна што ја посвети на Калина Велевска, младата планинарка што загина качувајќи се на врвот Кајмакчалан.

ПЛАНИНА ОД ЦВЕЌЕ
На Калина Велевска

На
работ
од градот
расте планина
од цвеќе.

Си
подаваме
тажни букети,
икебани, венци, китки,

кои
од рака
до рака се селат

како
вреќи со песок
кон надојдена река.

Ружи,
гербери,
мимози, кали,
лалиња се селат
и си седат на твојата
планина која расте ли расте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top