Британското кралско семејство подготвено е за венчавка на принцот Хари и Меган Маркл, но и за новото бебе, кое поради свадбената свеченост и новата политика на своите родители би можело да падне во втор план.
Принцот Вилијам неодамна призна дека третото дете ќе биде голем предизвик, посебно кога во прашање се неговата психа и сон, а извори блиски на кралското семејство откриваат дека Кејт и Вилијам не намераваат да прават помпа околу приновата, како што правеле со претходните деца.
Кеј и Вилијам на располагање ја имаат дадилката на принцезата Шарлот и принцот Џорџ, Марија Борало и бројна послуга од палатата, па за третото дете никако не немераваат да најмат уште една дадилка.
Џорџ оди во училиште, а Шарлот во градинка, па нивните родители сметаат дека една дадилка е повеќе од доволна за три деца-открива изворот.
Принцот и војвотката наводно не се ни потрошиле премногу кога во прашање се облеката и играчките. Како многу најмали деца, и новото кралско семејство ќе ја наследи гардеробата и играчките од постарите деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти
-
Кејт Мидлтон се расплакала поради Меган: Исплива највалканата тајна од кралската венчавка!
-
Ги закрви браќата: Вилијам поради Меган се скара со братот!
-
Социјалните мрежи горат: Една реченица го откри односот меѓу Кејт и принцот Вилијам!