| четврток, 6 декември 2018 |

Отворена изложбата „Борко Лазески 1917-1993“ во Даут пашиниот амам

Синоќа во Националната галерија на Македонија се отвори изложбата „Борко Лазески 1917 – 1993“, а чествувањето почна минатитот четврток, кога се одржа промоцијата на монографското издание „Борко Лазески 1917 – 1993“ во Македонската академија на науките и уметноститет.

Одбележувањето на 70 годишнината на Националната галерија на Македонија започна месецов, со што февруари Галеријата го посвети на уште еден голем јубилеј, 100 години од раѓањето на Борко Лазески.

На изложбата се претставени шеесеттина дела од речиси сите творечки фази на авторот. Монографското издание и изложбата се финансирани од Министерството за култура, а во реализација на истите учествуваат Влада на Република Македонија (Служба за општи и заеднички работи); Собрание на Република Македонија; Народна банка на Република Македонија; Министерство за одбрана (Касарна „Алекса Демниевски – Бауман“, Велес); Македонска академија на науките и уметностите; Музеј на град Скопје; Музејот на современата уметност – Скопје; Музеј на Македонија; Историски музеј Крушево; Хотел „Монтана“, Крушево; Завод и Музеј Прилеп; Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп; Центар за современа ликовна уметност – Прилеп; Завод и Музеј Охрид; Музеј Куманово; Музеј на Западна Македонија во НОВ – Кичево; Стопанска банка а.д. Скопје; Вардар филм; Македонски пошти Битола; ОСТЕН Музеј на цртеж, Скопје, Кинотека на Македонија, Македонска телевизија и значаен број приватни сопственици.

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска Михајловска, а истата ќе може да се погледне до 05 април 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top