| четврток, 6 декември 2018 |

Славната актерка го потврди разводот – светот е во шок и сите ја жалат!

Џенифер Анистон и Џастин Теру се разведуваат. Парот сподели дека одлучил да се раздели на крајот на минатата година.

-Во нормални услови, би го зачувале ова приватно, но имајќи предвид дека индустријата за озборувања не може да ѝ одолее на можноста да шпекулира и измислува, сакавме директно да ви ја кажеме вистината. Што и да е друго испечатено за нас, а не доаѓа директно од нас, е нечија измислена приказна. Пред сè, ние сме решени да ја зачуваме длабоката почит и љубовта која ја имаме еден кон друг – се вели во соопштението од Анистон.

49-годишната ѕвезда од „Френдс“ и 46-годишниот актер се запознаа во 2008 година, но започнаа да се состануваат три години подоцна. Во август 2015 година се венчаа во дворот на нивната куќа.

Ова беше прв брак за Џастин и втор за Џенифер, која претходно беше во брак со Бред Пит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top