| четврток, 6 декември 2018 |

Швеѓаните си ги „рентаат“ сопругите за сексуални услуги и екстра профит

Мигрантската служба на Шведска го огласи алармот откако е забележан зголемен обем на шверц со луѓе, откако голем дел од случаите завршија во националните медиуми. Сепак, полицијата потенцира дека проституцијата веќе не е асоцирана со странскиот организиран криминал и се почесто се забалежува криминал во која едниот сопружник го искористува другиот во проституција.

За време на првата половина на годината, 163 случаи со шверц на луѓе се пријавени во споредба со 195 во цела 2015 година, соопштуваат од мигрантската служба на земјата. Од 163 случаи, половина се поврзани со робство и сексуални услуги. Повеќе од 20 случаи инволвираат принудна работа на деца, додека десетина луѓе се присилени на питачење. Во 53 од 163 случаи жртвите биле деца, додека поголемиот дел се жени.

„Се укажува на силен скок на овој вид на криминал ова година, и ова е тренд за кој сведочиме неколку години по ред“ вели Кајса Торнквист Нетц, координатор на групата за борба со шверцот со луѓе при мигрантската служба на Шведска.

Во моментот во Шведска актуелен е случај за 45 годишен маж од регионот Вастернорланд кој го очекува судење бидејќи ја „рентал“ неговата 25 годишна партнерка за сексуални услуги на најмалку 24 мажи. За време на испрашувањето, жената изјавила дека била присилена на секс со други мажи бидејќи му била должна на сопругот. Полицијата смета дека вистинскиот број на „муштерии“ е поголем од оној кој се споменува.

Она што е интересно велат од полицијата, е дека проституцијата во градовите се намалува, додека во селата е во пораст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top