| четврток, 6 декември 2018 |

Мечката Гордана денес излезе од пештерата и „предвиде“ дали зимата ќе потрае или доаѓа пролет

Денес е Сретение Господово, според народното верување, мечките можат да предвидат дали на зимата ќе и го видиме „грбот“ наскоро или ќе трае уште шест недели.

Мечката Гордана, денес излегла од својата пештера и не се вратила внатре, што значи дека зимта нема да трае долго.

Ако си ја видеше сенката, и се вратеше назад, тоа би значело дека зимата ќе трае уште шест недели.

Инаки мечката Гордана живее во белградската зоолошка градина, а според народните верувања, од овој ден, деновите стануваат подолги а ноќите по кратки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top