| четврток, 6 декември 2018 |

Don’t tоuch our Republic of Macedonia!

Почујте, мрачни грчки фанатици, немате само вие боја за „бетонирање црвени линии“! И ние, Македонки и Македонци и целиот македонски народ, имаме свои бои, и енергично ја „бетонираме“ својата непреминлива црвено-жолта линија: Нема менување на уставното име, нема менување на Уставот на Република Македонија, нема менување на македонскиот национален идентитет! А пак вие домашни клети предавници и неразбрани трговци, Заев, Димитров, Шекеринска &Co... добро послушајте што ви вели народот...!

Алдо Климан

Наместо да бидете вистински првенци, заштитници, бранители и грижливи пастири на својот македонски народ, вие, незапирливо, како нас’скани, заедно со острвените волци насрчени од сите страни безочно го растргнувате и го разбркувате нашето кротко божјо семејство. Но знајте дека ништо ваше нема никаква морална ниту правна вредност, не важи и нема да важи! Се’ што направивте и се’ што правите со сила и на сила, сите ваши незаконски постапки и одлуки што ги донесувате во вашиот најтесен круг од неколку корумпирани души, како и сите договори што ги договарате и потпишувате „во четири очи“ на штета на македонските национални и државни интереси – сето тоа плебисцитарно ќе го поништиме! Македонскиот народ ќе си го зачува својот надалеку низ светот препознатлив национален идентитет, својот преубав македонски јазик, својата прераскошна македонска народна песна, своето старо и достоинствено име и убавото и достоинствено име на нашата татковина Република Македонија. Тоа сме ние – Македонци со длабок корен во оваа наша топла земја!

Најангажираниот големоалбански „евро-НАТО-интегративец“ Бујар Османи, пак, прави „демократски“ смешки со опашки и бара за името на нашата татковина да не се расправало јавно, преку медиуми, зашто тоа, според него, било „модел за неуспех“ на преговорите. Е тоа така вие, господине Османи, и вашиот квислиншки и големоалбански шеф Зоран Заев, „со сета негова предавничка куплерајска свита“, си ја замислувате и си ја практикувате демократијата. Трај и прај!

Прво, таканаречените „преговори“ за кои вие зборувате, воопшто не се никакви преговори, туку најбедно насилство и силување на една земја над друга суверена земја, над нашата Република Македонија, и мизерно уценувачко наметнување на општопознати натегнати историски лаги и груби фалсификати за македонското минато и сегашност, што македонскиот народ треба да ги прифати како непобитни вистини, и со еден ступиден потег на пенкало да ја пребрише сета своја тешка и трагична историја во Егејска Македонија, во која се родени и израснати во национални и меѓународни легенди многумина најголеми македонски синови, и каде што и денес се‘ уште живеат околу 200.000 Македонци кои фашистоидната држава Република Грција не ги признава, и тоа не само како национално малцинство, туку ни како човечки суштества, со сите нивни со меѓународното право загарантирани човечки права.

Второ, господине големоалбански „евро-НАТО-интегративец“ Бујар Османи, најдобар „модел за неуспех“ е било какво „преговарање“, „договарање“ или „разговарање“ со Грците и со кого и да е за промена на уставното име на Република Македонија, зашто сето тоа е апсолутно непотребно; всушност, тоа е една најординарна меѓународна глупост, наметната однадвор, и одвнатре од таквите како вас и вам слични. Напротив, единствен „модел за успех“, господине Османи, е веднаш да се прекине со сите тие антидржавни и антинационални активности, кои се само во интерес на „бетонирање“ на грчките историски измислици и подметнувања, и за „асфалтирање“ на вашите големоалбански насоки и цели од Тиранската платформа.

Сите вие заедно, господине Османи, со вашиот Заев &тн., му се качивте на глава на македонскиот народ со тоа неподносливо политичко насилство и хистеричен државен терор, сконцентриран во рацете на неколкумина од вас, на кои им е далеку и секоја примисла на отворено, демократско однесување. А сега дрско и невоспитано барате уште и општ медиумски молк за преговорите околу менувањето на уставното име на нашата татковина, како своевиден доброволно даден плацет за да можете на мир да си ја истерате својата фантазмагорична мисија за уништување на Република Македонија и на сето она што таа го претставува како топол дом и последно сигурно национално гнездо и мајчинско уточиште на целиот македонски народ кај и да се наоѓа.

Немаме ништо против, господине Османи, вие да си ја затнете устата, а обидете се тоа да го сторите и со големоалбанската гебелсовска креатура Артан Груби, што со своите ступидни мајмунирања, циркусирања, селфии и психотични забрзувања на настаните што не се случиле и што никогаш нема да се случат само го бламира секој обичен чесен албански граѓанин. Вие, меѓутоа, немате право да и’ ја затворате устата на македонската јавност, те. на слободните медиуми кои се и око, и уво, и совест на севкупното македонско општество, и кои од најсериозни и најевиднетни причини професионално и загрижено треперат над судбината на нашата држава што насилно, со меѓународен финансиски и дипломатски интервенционизам, и со грубо и приземно изведен државен преврат во кој учествувавте и вие се најде под страшното нишало на неподнослив организиран политички и секаков друг терор.

Порачајте им од нас на своите грчки и на сите ваши други партнери во заједничкиот перфиден обид за уништување на Македонија дека за ништо на светот не ја даваме својата мила, благородна и убава родина и нејзиното достоинствено име на кое не може ништо ниту да му се додаде ниту да му се одземе, зашто е совршено – Република Македонија / Republic of Macedonia!

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top