
Москва има информации дека западните земји се обидуваат да се мешаат во внатрешните работи на Русија, во контекст на претседателската кампања, изјавила потпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова на редовен брифинг за новинари.
-За разлика од обвинувањата кои неможат да се докажат за наводните руски хакери и некое руско влијание на резултатите од изборите во некои земји, имаме конкретни докази за деструктивно мешање од многу западни земји во наши внатрешни работи во контекст на претседателсата изборна кампања”, рекла Захарова.
Ова мешање треба да престане. Ако непрестанат, ќе мораме да преземеме остри контрамерки, вклучувајќи јавна реакција, додала портпаролгата.
Претходно потпаролката на руското МНА изјавила, во случај да да се обидат да се мешаат за време на престедателските избори, Русија ќе мора да преземе реципречни мерки.
Премиерот на Бугарија Бојко Борисов на шега рекол дека во светот има две работи кои не се бираат: родители и претседател на Русија.
Марија Захарова, коментирајќи ја изјавата на премиерот на Бугарија, му предложила да земе руско државјанство и да гласа.
“Борисов има шанска: може да добие руско државјанство и да гласа за претседател на Русија”, рекла Захарова. “Соништата се остваруваат”, со иронија додала таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


