| четврток, 6 декември 2018 |

Русија не е против Балкан во ЕУ, ако не мора да избираат помеѓу ЕУ и Русија

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова на редовната прес конференција изјави дека ставот на Русија е дека најкомлицираните проблеми на Балканот мора да ги решат самите балкански држави независно, без да се тераат да брзаат и да се ограничуваат само на формалните критеруми, или со други зборови – без никакво надворешно мешање. Зборувајќи за Стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан, таа рече дека повеќепати досега истакнaле дека Русија не се спротивставува на европската интеграција на Балканот, сè додека потенцијалните членки на ЕУ не мора да избираат помеѓу ЕУ и Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top