Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска ја посети Македонската академија на науките и уметностите. Премиерот Заев на средбата во МАНУ ги информираше претседателот Таки Фити и присутните академици, за текот на процесот за решавање на проблемот што Република Грција го има со уставното име на Република Македонија.

Во размената на мислења во однос на ова прашање, членовите на претседателството на МАНУ, како и поранешните претседатели што зедоа учество на оваа средба, истакнаа дека највисоката научна установа во земјата има јасни ставови, документи и научни факти кои можат да помогнат во градењето аргументација на нашата страна во преговорите. На средбата е договорено да продолжи меѓусебната консултација и соработката меѓу стручни тимови на МАНУ и Владата на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


