Градот Скопје, преку својата програма за активностите во областа на спортот и младите, традиционално издвојува значителни средства за поддршка на средношколскиот спорт.
Градоначалникот Шилегов информира дека годинава за мотивација на средношколците Градот Скопје ќе доделува и стипендии за спортисти–средношколци во средните училишта на неговата територија, и дека паралелно со реконструкцијата на училишните објекти ќе се направи реконструкција и на спортските сали.
Наградниот фонд кој е предвиден за стипендии изнесува 3 милиони денари, што значи дека Градот ќе стипендира вкупно 100 најуспешни спортисти, ученички и ученици, со по 3.000 денари во текот на осум месеци до крајот на 2018 година.
Исто така, како и секоја година, најдобрите екипи од средните училишта и годинава ќе имаат можност за една убава спортска дружба со нивните врсници од странство. По успешните гостувања во Истанбул, Ниш, Загреб, Љубљана, Софија и Белград, Градот Скопје годинава обезбеди буџетски средства за патување во еден од европските збратимени градови за најдобрите средношколски екипи во мал фудбал, одбојка, ракомет и кошарка, во женска и во машка конкуренција.
Бројот на учесниците во овие лига и турнир систем натпревари во средните училишта секоја година се зголемува, а годинава веќе ја надмина бројката од 6.000 ученички и ученици од 29 средни училишта во Скопје.
Секако, за масовноста на овие лиги свој придонес имаат и професорите коишто амбициозно создаваат спортски генерации и го поттикнуваат натпреварувачкиот ентузијазам кај своите ученици.
За организација на средноучилишниот спорт во Скопје, Градот годинава од својот буџетот одвои 2,3 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


