Поранешниот папа Бенедикт страда од болест на нервниот систем, поради што често мора да се движи со инвалидска количка, изјавил за германските медиуми неговиот брат Георг Рацингер, кој ги пренел стравувањата дека парализата може да се прошири и кон срцето на претходниот папата.
Бенедикт по потекло е Германец, кој во 2013-та година стана првиот папа кој се пензионирал во последните шест века. Претходно месецов тој рече дека е во последната фаза од својот живот, односно дека е на пат кон својот вечен дом. Бенедикт има 90 години.
Георг Рацингер (94) изјавил дека неговиот брат е во добро ментално здравје, но дека брзо се заморува.
„Најмногу од сè, се плашам дека парализата во еден момент ќе се прошири кон неговото срце, а тоа ќе значи и дефинитевен крај“, изјавил братот на папата, додавајќи дека секој ден се моли за „добра“ смрт за себе и за својот брат.
Тој исто така рече дека секој ден тој и Бенедикт се слушале по телефон. „Тоа е одличен подарок, бидејќи на тој начин никој не е сам“, рекол Георг Рацингер.
Откако се повлече од позицијата папа, Бенедикт живее во поранешен манастир во Ватиканската градина и ретко се појавува во јавноста.
извор: Makfax
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст