По извештајот за работата на полициската станица „Центар“, во кој стои дека бројот на кражби на територијата на општината Центар расте и е зголемен во изминатиот период, советниците од оваа локална самоуправа заедно со претставниците на полициската станица дојдоа до согласност дека е потребно да се зголеми безбедноста на граѓаните. Со оглед на тоа дека на територијата на општината Центар живеат околу 46 илјади граѓани, а дневната фреквенција е 250-300 илјади граѓани, ваквиот чекор е неопходен.
Советниците од општината Центар побараа враќање на полицајци што ќе патролираат на велосипеди во општината, а сметаат дека тоа е вистински чекор за да се зголеми безбедноста на граѓаните. Градоначалникот на општината Центар, Саша Богдановиќ, рече дека позорникарските служби се договараат во согласност со Министерството за внатрешни работи и полициската станица „Центар“ и дека тие ќе се распоредат на најкритичните локации. Велосипедите што ќе ги користи полицијата се обезбедени од донација, а од општината Центар велат дека за зголемување на безбедноста во Центар се работи на осветлување на повеќе локации и се договара вработените во паркинзите да се користат како обезбедување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст