| четврток, 6 декември 2018 |

За една недела регистрирани нови 2.964 заболени од грип

За само една недела регистрирани се нови 2.964 заболени од грип. Оваа бројка е регистрирана во текот на изминатата недела од 5 до 11 февруари. Во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје се наведува дека оваа бројка е зголемување за 48 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 2.001 заболен.

Во однос на минатата сезона кога биле регистрирани 386 заболени, постои зголемување за 7,7 пати на бројот на заболени во шестата недела од годинава.

Најголем број заболени – 1.650 се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а кај децата на возраст од 5-14 години има 327 случај на 100.000 жители.

Оваа недела најголем број заболени лица 326 се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје – Битола, а највисока инциденца 576,5 на 100.000 жители е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Дебар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top