| четврток, 6 декември 2018 |

Богдановиќ: Станбени објекти во Центар ќе се градат само на безбедни локации

Детални микролокациски испитувања ќе се прават за парцелите на Водно, но и за оние во Центар со цел да се утврди дали тлото за градење е порозно и склоно кон свлечишта. Исто така, ќе се разгледуваат и препораките на експертите заради безбедност на одредени делови да се оди кон намалување на катноста и да не се даваат одобренија за градба.

Ова беше говорено на средбата на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ и директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Влатко Шешов. Тие договорија редовна месечна соработка на која ИЗИИС ќе дава мислење за техничките прописи и ќе се бара инвеститорите доследно да се држат до безбедносните параметри и во фаза на изградба, но и во фаза на користење на објектот.

– Ова е со цел да се градат и луѓето да живеат во посигурни и побезбедни објекти. Нема да дозволам на места како за скокалници да се градат станбени објекти – посочи Богдановиќ.

Тој напомена дека мора да се почитуваат основните параметри и затоа во моментот надлежните и комисиите во општина Центар вршат ревизии на сите ДУП-ови, а посебно внимание ќе се обрне на ДУП-овите за Водно,

Ова доаѓа откако сопственици на куќи кои што се помеѓу улицата „Партение Зографски“ и хотелот кај Клинички центар испратија петиција сд општина Центар со барање да не се издаваат одобренија за нови објекти, поради нестабилноста на теренот. Тие велат дека се чувствуваат крајно небезбедно бидејќи при најмал потрес или поголеми дождови, куќите буквално им се тресат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top