| четврток, 6 декември 2018 |

Тетово: Родители ја претепале ќерката затоа што не сакала да им ја даде нејзината плата

Родители од Тетово ја истепале нивната 24-годишна ќерка затоа што не им ја дала нејзината плата. Тие ја кубеле за коса и ѝ удирале тупаници по цело тело. Родителите биле повикани на разговор во полиција.

Според информациите на МВР, вчера околу 22 часот, С.Џ. (24) од Тетово пријавила дека нејзините родители извршиле семејно насилство врз неа.

– Во наведеното време, во нејзината соба влегла мајка ѝ и побарала да ѝ ја даде целата плата. Таа се спротивставила и тогаш мајка ѝ почнала да ја влече за коса, а татко ѝ неколку пати со тупаници ја удрил по главата и телото, нанесувајќи ѝ видливи повреди. Родителите М.Џ. (44) и М.Џ. (41) биле повикани во Полициската станица Тетово, велат од МВР.

Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок против родителите

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top