Оваа револтирана мајка на својот Фејсбук профил изрази револт, поради тоа што, како што вели, наставничката на нејзината ќерка која е второ одделение на часовите им пушта турбо фолк музика.
Не знам дали ова им пречи на другите родители и нивните деца, но на мене ми пречи многу. Јас не сакам моето дете да слуша таква музика, вели Наташа на својот профил.
Бев изненадена кога ја слушнав мојата ќерка како пее една песна. Застанав и ја прашав од каде ја знае таа песна, ми рече дека ја научила од училиште, и дека наставничката им ја пушта кога имаа музичко и физичко. Останав со отворени уста. Иако бев изнервирана не изреагирав. После еден месец некаде, ние родителите бевме поканети на училишна приредба, за да ги гледаме нашите деца, што имаат спремено. Дали знаете што имаше таму? Имаа извежбано точка, на српска турбо фолк песна… Косата ми се крена нагоре. Не можев да молчам. Откако заврши приредбата веднаш се упатив кон наставничката за да поразговорам со неа. Да знаете и таа беше изненадена, зошто реагирам со изговор: “Па сите слушаме таква музика, зошто не и децата”…
Јас не се преценувам, не велам дека сум некој кој знае што, ама не можам да сфатам зошто децата уште на седум години да ги труеме со таква музика. Зарем има нешто убаво во неа, па уште и во училиште. Јас се сеќавам на часовите по музичко го слушавме Моцарт, ја учевме скалата, а сега? Сега се слуша Цеца и Јелена Карлеуша.
И покрај тоа што реагирав, ништо се нема сменето, бидејќи сум само една. На другите родители не им смета тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст