| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдено девојчето кое исчезна на Алпите минатата година

Нордал Лелендаи, 34-годишниот војник, призна дека „ненамерно ја убил“ Малис де Араух, не изнесувајќи детали.

Тој се согласил да соработува со полицијата откако во неговиот автомобил биле пронајдени траги од нејзината крв.

Девојчето исчезнало за време на венчавка во местото Пон-де-Бовоазан, северно од Гренобла во август минатата година.

Лелендаи рекол дека тој се „ослободил од телото“ и се извинил на родителите, рекол обвинитело Жан Ив Кокила.

Лелендаи претходно признал дека девојчето било во неговиот автомобил ноќта кога исчезнало.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top