Владо Богдановски, член на Судскиот совет, бара Советот да дискутира на седница за дебатни телевизиски емисии и за новинарски написи во врска искажани квалификации и дезинформации според него, во врска со Советот.
Членовите на Судскиот совет ќе расправаат на седница или на колегиум по забелешките на Богдановски дека во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, новинар ги нарекол криминалци и џелати во судството.
Другата забелешка е по информацијата дека од Советот за факти и утврдување одговорност на судии, Судскиот совет презел над 100 претставки за разрешување.
„Не е точно дека над 100 судии се пред разрешување како што беше објавено во медиумите и барам и за овие новинарски написи и прилози Судскиот совет да расправа и да донесе став“, рече Богдановски.
Претставките се за утврдување на одговорност на судии. Ниеден од медиумите не тврдеше дека сите претставки ќе завршат со разрешување.
Извор: СДК
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст