| четврток, 6 декември 2018 |

„Трансверзалец“ се огласи за трагедијата во која загинаа Калина и Александар

Планинарскиот кулб „Трансверзалец“ изрази сочувство за загинатите планинари Калина Велевска и Александар Миновски. Од таму објавија дека доставиле информации до надлежните институции и дека утре ќе клубот ќе има изјава за медиуми.

-Со жалење и неизмерна тага изразуваме сочувство за прерано изгубените животи на нашите Калина и Александар. Тие беа дел од нашата заедница и клубот и ќе им недостасуваат на сите членови и планинари. Уште еднаш искрено сочувство до нивните семејства и блиски. Двајцата другари и колеги планинари ќе ни недостасуваат бескрајно и секогаш ќе се сеќаваме на убавите спомени од сите наши заеднички акции. Почивајте во мир другари, објави „Трансверзалец“ синоќа на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top