| четврток, 6 декември 2018 |

„Витаминка“ го купува имотот од штипски „Брилијант“ за 7,3 милиони евра

Прилепска „Витаминка“ ќе  вложи 7,3 милиони евра во недвижен имот, земјиште, движни ствари и во права од индустриска сопственост кои ќе ги купи од „Комерцијална банка“, а ѝ припаѓале на штипската фабрика за производство на масло за јадење „Брилијант“, дознава Фактор. Станува збор за купување недвижен имот со површина од 4.956 квадратни метри и земјиште со право на сопственост од 21.592 квадратни метри.

„На основа на утврдената деловна политика и политиката за среднорочен и долгорочен развој на П.И.„Витаминка“ АД Прилеп, се актуелизираше потребата за обезбедување дополнителни средства за финансирање на инвестициите во друштвото поврзани со модернизација и автоматизација на техничко-технолошките процеси, комплементарност и интегрирање во производството и развој на нова група на производи. Оваа зделка се оправдува со зацврстување на друштвото како лидер во прехранбената индустрија во Македонија и е во насока на зголемување на вкупниот приход на друштвото“, стои во образложението на Одборот на директори кое треба да го одобри Акционерското собрание. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top