| четврток, 6 декември 2018 |

Фарсата продолжува: Груевски втор пат за една недела на суд, Заев еднаш во два месеци

Фарсата продолжува преку политички инструираното Судство и специјално обивнителство. Поранешниот премиер Никола Груевски втор пат оваа недела се појавува на суд, овој пат за случајот Траекторија, а пред само два дена за случаите „Тенк“ и „ТНТ“, а во петок одново треба да се појави за случајот „Тенк“.

Во понеделникот Груевски изјави дека според начинот како се водат судењата се чини како однапред да е донесена одлуката.

-Нека не не малтретираат и нека ја прочитаат одлуката, рече Груевски.

Рочиштата на Заев во предметот Поткуп за кој целата јавност виде како бара 200.000 за да заврши работа на струмички бизнисмен, и како раскажува дека истото го правел со сите бизнисмени во Струмица, се закажува на период од околу два месеци.Неофицијално се зборува дека по наредба на Заев, претседателот на судот Џолев дал наредба на судиите да не дозволат никакви одлагања, а судењата да ги вршат максимално брзо. Сето ова во време кога се менува името и идентитетот на македонскиот народ и кога на СДСМ му треба дефокусирање од таа тема.

Очигледно за оваа судска фарса им беше потребна и смена на судиите. Смената на судиите со нови, кои се докажани поддржувачи и симпатизери на СДСМ, укажува не само дека СЈО/СДСМ нема докази, па им требаат партиски судии за да ги осудат политичките противници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top