| четврток, 6 декември 2018 |

Одложено рочиштето за обидот за убиство на Тодоров

Одложено е рочиштето за случајот со дедото на Тамара од Велес, Љупчо Стојановски, кој се товари за обид за убиство на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Рочиштето е одложено за следната среда, бидејќи предметот се наоѓа во Апелациониот суд поради жалба на одбраната на притворот на обвинетиот.

Пред Судот требаше да бидат приложени нови психијатриски вештачења од ЈЗУ „Психијатриска болница – Скопје“ од кои требаше да се утврди дали обвинетиот бил пресметлив кога го извршувал кривичното дело.

Стојановски на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, откако почина неговата внука Тамара чекајќи операција во странство. Тој е обвинет за обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Стојановски поради постоење опасност од бегство и опасност од повторување на кривичното дело е во притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top