| четврток, 6 декември 2018 |

Во МРТ нема промени – Марјан Цветковски повторно е избран за директор

Управниот одбор на Македонската Радио Tелевизија на одржаната седница за нов извршен директор повторно го избра Марјан Цветковски, а за негов заменик Харун Ибраими.

На Цветковски мандатот му истекува во март годинава. Тој функцијата генерален директор ја извршува во 2 мандати, од 2012 година. Тој лани им напиша писмо на премиерот Зоран Заев и на амбасадорот Џес Бејли во кое вели дека подолг период сметката на јавниот сервис е блокирана поради неподмирени обврски.

Македонската радио телевизија не ги емитува бомбите иако лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, тогаш им достави цедеа со овие записи. Тогашниот директор на МРТ, Марјан Цветковски изјави дека уредувачката политика на телевизијата не може да се управува според барањата на седумдесетина граѓани кои, како што рече, имаат свои цели. На новинарско прашање за содржината на 24-та бомба во која се слуша како врвот на ВМРО-ДПМНЕ решава кој ќе се вработи во МРТ, Цветковски тврдеше дека функционери од таа партија од него никогаш не побарале прилог по нарачка.

Актуелното раководство на МРТВ пред Нова Година објави и интерен оглас за одговорен уредник на првиот програмски сервис, на местото на Диме Ратајковски, кој самиот поднесе оставка.

Според конкурсот, кандидатите покрај другото, треба да поднесат програма за работа на МРТ за три години и да имаат над пет години работно искуство во комуникологијата, новинарството, електронските комуникации, информатиката, културата, економијата или правото. Мандатот на новиот директор и заменик-директор на МРТ ќе трае три години со можност за реизбор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top