Струмичанецот Дарко Грнчаров е новата светска тениска контроверза откако за време на Австралија опен предизвика интерес од светската јавност за своите ставови за правата на хомосексуалците.
По неговата поддршка за Мартина Навратилова и за Били Џин Кинг, кои изјавија дека не би играле во Мелбурн поради хомофобија искажана од членови на клубот што го организира турнирот, Радиом Би-Би-Си објави интервју со него во кое тој раскажува дека по преживеаниот удар и состојба на кома чудесно се враќа на АТП-турнирите.
Откако дваесетгодишниот Грнчаров изјавил дека добил понуда за рекламирање на „Адидас“, компанијата преку „Твитер“ му порачала „Добредојде во семејството Дарко“. За да биде приказната поинтересна тој на социјалните мрежи е следен и ретвитуван од околу 200 различни профили поврзани со него и објавуваат информации за него во исто време. На овие профили се бара Грнчаров да биде гостин на шоуто на Елен Деџенерис. Поради неговите пофалби за неа, Дарко почна да биде следен на „Твитер“ и од Серена Вилијамс.
Во јули Грнчаров објавил дека по една година во кома му се вратила свеста и сега е посилен од пред ударот. Лагите поврзани со него вклучуваат и дека соработува со српскиот тенисер Виктор Троицки, кој изјавил дека воопшто не знае кој е Дарко.
Пред да се открие вистината за него, тој дал интервјуа за десетици светски медиуми, во кои зборува за неговата кариера како тенисер и за неговото неверојатно враќање од кома до тениските терени.
Истрагата за Дарко на магазинот „Слејт“ покажала дека тој навистина постои, но дека нема ниту еден официјален меч, иако во неговата родна Струмица давал интервјуа за неговите победи. Според неговите изјави, тој победувал во Египет и во Холандија.
Единствениот меч некаде заведен е на јуниорски турнир во Подгорица, каде што загубил без добиен сет од Никола Вукотиќ, тенисер кој има само една победа во седум години јуниорски тенис. Единствен натпревар официјално заведен е во Шарм ел Шеик, но мечот, според официјалните информации, е предаден.
Медиуми од Франција, Индија, Шпанија, Србија, Италија, Аргентина и Јапонија продолжуваат да пишуваат за македонскиот тениски феномен, иако нема никаков доказ дека освен на социјалните мрежи тој навистина постои во светот на тенисот.
Но, тениските фанови не ги интересира вистината, особено откако тој почна да се залага за правата на хомосексуалците, за што поддршка доби од Мартина Навратилова, која му напиша „Со среќа Дарко“.
Во меѓувреме, бројот на неговите следбеници на социјалните мрежи расте од ден во ден.
извор:
алфа.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст