| четврток, 6 декември 2018 |

Кичевскиот градоначалник даде отчет за сработеното во Швајцарија

Министерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари минатитот викенд пред македонските иселениците во Швајцарија ги презентирале започнатите проекти на Општина Кичево меѓу кои и подготвеноста на општинската администрација да овозможи логистика за сите кичевчани кои се успешни на бизнис сверата во Швајцарија.

Министерот Бектеши детално ги информирал иселениците за поволностите што ги пружа новата реформска Влада и најавил дека вакви средби ќе се организираат и со печалбарите од другите западни земји. Целта на овие средби со печалбарите според Бектеши е да се помогне да се донесат што повеќе инвеститори во Кичево за да се отворат нови работни места за да се спречи иселувањето на младите од замјава.

Извор: МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top