Разрешениот директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Александар Донев со огласи на „Фесјбук“ за неговата работа и одлуката на Владата за неговото разрешување. Донев тврди дека започнал процеси, а немал време да ги реализира.
„Сметам дека сега не е ниту време ниту место да зборам за што се случуваше овие неколку месеци, процесите кои ги започнав, а немав време да ги реализирам и борбата што ја имав за да ја доведам во ред агенцијата и колку тоа е можно со ваква институционална поставеност и во ваков политички конктекст. Ќе го направам тоа во иднина – ветувам“, напиша Донев.
Разрешениот директор им порача на пријателите на „Фесјбук“ да не веруваат во сè што ќе прочитаат на порталите, оквалификувајќи ги како глупости.
„Би сакал само да апелирам да не верувате на секакви глупости што читате по некои медиуми и секако да прочитате и нешто повеќе од насловот. Не верувајте во сервираниот популизам и не ги глодајте коските фрлени за да се заситат гладните за сеир и жртва додека вистинските проблеми остануваат скриени“, напиша тој.
Донев не се сложува со одлуката за неговото разрешување, но ќе ја почитувал одлуката на Владата. „Годишната програма за работата на Агенцијата беше изгласана на истата седницата на влада на која бев разрешен. Иако не се согласувам со причината за моето разрешување (ќе аргументирам во блиска иднина зашто), јас ја почитувам одлуката на Владата. Ми беше чест и задоволство да работам, да им служам на граѓаните и да ја претставувам Македонија како туристичка дестинација. Како и претходно, ќе продолжам да работам во туризмот и будно ќе ги следам случувањата во овој сектор“, напиша Донев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст