По договорот во Давос помеѓу премиерите на Македонија и Грција, преговорите за спорот со името и официјално се водат на повисоко ниво, преговарачите на двете земји повеќе не го водат процесот во овие моменти спорот е во рацете на министрите за надворешни работи на двете држави.
Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров се во Виена каде под покровителство на медијаторот Метју Нимиц преговараат за иднината на уставното име на Македонија. Преговорите во Атина ќе се водат интензивирано, а според МНР ќе се разгледуваат предлозите на Метју Нимиц. Оваа рунда на преговори беше најавена од премиерот Заев уште минатата недела.
На заедничката прес конференција во Давос на Ципрас и Заев, на која Заев ја најави промената на името на автопатот и аеродромот во Македонија, а заклучокот беше дека разговорите ќе се одвиваат на повисоко министерско ниво, а многу веројатно во завршна фаза ќе се води од премиерите на двете држави.
По притисокот од Атина врз Заев за почитување на договорот во Давос односно припрема на македонската јавност за договореното име на државата, Заев на заедничка прес конференција со европскиот амбасадор Жбогар најави дека за македонската влада е прифатлива географска одредница на името. Доколку го земеме во предвид грчкото барање за Ерга Омнес и непостоечките црвени линии на Заев, прифаќањето на географска одредница дефакто ќе значи промена на уставното име на државата.
Според грчките медиуми најверојатното решение на спорот ќе биде кованицата ГорнаМакедонија напишана заедно без англиска транскрипција, медиумите шпекулираат дека до решение може да се дојде најрано во март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст