Патот Крива Паланка – Куманово кај населба Грамаѓе е блокиран во двата правца од околу 50 работници во фабриката „Веибо“ поради неисплатени плата, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
Поради неисплатени плати работници од „Веибо“ и минатата недела го блокираа патот Крива Паланка – Куманово.
На 250 работници кои останаа без работа не им се исплатени три плати и придонеси ниту пак земале пари за прекувремените работни часови. Тие се сомневаат во ветувањата на управителката дека има две заинтересирани фирми кои сакаат да ја купат и рестартираат фабриката и дека парите ќе ги добијат во рок од два месеца.
Владата е запознаена со состојбите во Веибо. Минатата недела вицепремиерот Анѓушев вели дека на состојбите во текстилната фабрика и претходи историја на недоразборања меѓу ветеното од минатата влада и реализираното, но решение за излез ќе се најде.
Веибо груп беше долго најавувана странска инвестиција од страна на бившата влада. Во 2014 Груевски најавуваше дека инвеститорот ќе вработи околу 5000 луѓе, дека ќе отворат неколку текстилни фабрики, а директорот Селџук Алперен најавуваше дека земјата ќе ја направат балкански текстилен центар и ќе инвестираат 400 мил долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст