Терминот “сродна душа” звучи како клише, но има една нишка која поврзува двајца кои се судени еден за друг.
Оригиналната приказна за постоењето на овој израз ќе ве воодушеви.
Поточно, таа нишка која ги поврзува двете сродни души се протега без никакви ограничувања – за неа времето, просторот и околностите ништо не значат, и ништо не може да ја прекине кога двајца навистина се судени еден за друг.
Станува збор за црвената кармична нишка на судбината, верување старо со векови од регионот на Азија. Овој мит наговестува дека боговите ја врзуваат црвената нишка околу зглобовите на двајца на кои им е судено да бидат заедно, за да им се помогне во еден момент да се спојат.
Западната цивилизација врз основа на оваа приказна дошла до поимот сродни души.
ОРИГИНАЛНА ПРИКАЗНА
Во Азија продолжува да кружи оваа древна приказна која го објаснува потеклото на митот за црвениот конец, а приказната оди вака – одејќи една ноќ, едно момче сретнало еден стар човек кој читал книга. Кога го прашал што чита, старецот одговорил дека тоа е книга за бракови, а потоа му покажал за кого ќе се ожени.
На момчето тоа не му се допаднало, па девојчето, за кое му кажал старецот дека ќе биде неговата идна сопруга, ја мавнал со камен и избегал. Неколку години подоцна, родителите договориле брак меѓу момчето и најубавата девојка во селото.
Момчето, сега веќе млад маж, на крајот на церемонијата го подигнал превезот на невестата и видел дека неговата сопруга има лузна под левата веѓа. Ја прашал од каде и е, а таа му рекла дека едно момче ја погодило со камен кога била мала.
КОНЕЦОТ СЕ ЗАПЛЕТКУВА И РАСТЕГА
Така вели митот, но никогаш не се прекинува, и никогаш не треба да му се спротивставувате. Судбината дефинитивно ќе ја направи својата работа, но понатаму сѐ зависи од вас, потсетува легендата.
Нејзината работа е единствено да спои две лица, а на нив е понатаму да се трудат да ја сочуваат својата врска.
извор:кукурику.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст