| четврток, 6 декември 2018 |

Италија е на прагот на востание (видео)

Италија е на прагот на востание поради дејствијата на полицијата, која жестоко ги растера демонстрантите за време на акцијата против расизмот во градот Мачерата.

Демонстрациите речиси го натера целото население на градот – 30 000 лица да излезе на улица , откако во саботата поддржувач на ултрадесничарските отвори оган врз придојдените од Африка.

За време на протестот демонстрантите скандираа антифашистички слогани и ја пееја химната на италијанската Отпор – познатата “Бела чао”.

Полицијата, сепак, не се смилува на демонстрантите: со палки и солзавец – дојде на настанотл. Како резултат на тоа, десетици лица се повредени. Но, тоа беше само искра.

Слични акции веднаш беа организирани и во други градови – Милано, Пјаченца. Таму велат дека беззаконието на полицајците треба да заврши.

Шпанија пак се тресе од масовни митинзи против неверојатната реформа во јавниот сектор, која ја спроведува Владата. Според Шпанците, сето ова ќе доведе само до едно: масовни отпуштања и намалување на платите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top