Расправа за предлог-измените во Законот за вино и земјоделство и рурален развој кои се во собраниска процедура, се одржа денеска во Кавадарци, во организација на пратеникот Панчо Минов.
Целта, како што рече, да ги запознае тиквешани со содржината на текстот од измените и да предизвика кај нив заинтересираност со свои предлози да ги надополнат овие закони.
– Да има еден третман на стратешко значење на винското грозје како и тутунот, да се квалификува виното како прехранбен земјоделски производ. Обезбеден и организиран откуп и редовна исплата на откупените количини на грозје, нагласи Минов.
Тој додаде дека заедно со другите пратеници од Кавадарци имаат обврска да ги застапуваат интересите на тиквешани. Сега после исплатените субвенции, се лобира за исплата на количините на неисплатено грозје од одделни винарници. Се очекува значителен износ да биде исплатен на верскиот празник Свети Трифун, кој се смета за заштитник на лозарите.
– Следува и наше застапување околу исплата на субвенцијата од по два денари за килограм грозје продадени во домашни винарии, субвенциите за праски и надоместокот за обесштетување од мрзнење, рече Минов.
Тој информираше дека имало иницијативи за измени на Законот за закуп и продажба на земјиште во државна сопственост, односно продолжување на рокот поврзан со правото на приватизација, а соопшти дека пратеничко прашање освен за ова, има и во делот на Законот за надоместок на стечајните работници кои што потекнуваат од фирми во стечај со претежно државен капитал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст