Разногласие во Беса за датумот на одржување на Конгресот на кој ќе се бира нов партиски лидер. Поддржувачите на привремениот претседател Неџбедин Каремани информираа дека во тек се подготовките за конгресот кој иако претходно го најавија за 24 февруари, сега велат дека се договориле тој да се одржи една недела порано, на 18 февруари во Тетово. Повеќе детали не откриваат, но велат дека сите чекори кои ќе ги преземат од ова крило на партијата ќе бидат познати по Конгресот, откако минатата недела Судот пресече дека претседател на партијата до одржување на конгресот е Билал Касами.
Касами и неговите поддржувачи, пак, апелираат граѓаните да не се доведуваат до забуна, единствениот Конгрес, според нив, ќе се одржи на 24 февруари во Скопје.
– Ова одлука сме ја донеле сите заеднички, вклучувајќи ja и таа мала група на незадоволни кои денес зачудувачки излегуваат со гласини за манипулирање на јавноста за некоја друга дата. Ова уште еднаш докажува дека таа мала група се научени да не почитуваат одлуки на органите и статутот на партијата. Бидејќи во јавноста секој ден се шират гласини дека ќе се формира нова политичка партија ние им посакуваме успех, но им апелираме да не манипулираат со членовите и симпатизерите на Движењето Беса, вели портпаролот на Беса, Абдуш Демири.
Несогласувањата во Беса почнаа неодамна , кога во ист ден беше одржан Централен совет на партијата, но едниот во Скопје, а другиот во Tетово, на кој беа донесени различни одлуки за одржување на конгрес. Во Тетово одлучија до одржувањето на конгресот со партијата да раководи актуелниот Билал Касами, додека во Скопје мнозинството го избра пратеникот Неџбедин Карамани за привремен лидер на Беса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст