Изјаснувањето на граѓаните на референдум да биде услов за доделување на концесија за есплоатација на минерални суровини по барање од заинтересирано лице, бараат повеќе еколошки организации и граѓански иницијативи кои работат на полето на заштита на животната средина во Македонија.
Тие, во писмо испратено до претседателот на собраниската комисија Комисија за економски прашања Горан Милевски, потенцираат дека ги поддржуваат измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини што се во собраниска процедура, а се предложени од група пратеници.
Но, притоа посочуваат дека е неопходно амандмански да се интервенира во текстот и да се предвиди референдумското изјаснување на граѓаните во локалната самоуправа каде се планира отворањето на рудниците.
– Овде повеќе не станува збор за економски развој на земјата, рудници со отворен коп кои употребуваат цијаниди и сулфурна киселина ќе значат загадување на почвите, воздухот и водите во земјата, а со тоа доведување во опасност на земјоделието и изворот на храна за граѓаните во Македонија, се вели во писмото од овие организации и иницијативи.
Тие сметаат дека со оглед на тоа што 1/3 од територијата на земјата е под шуми со екосистеми со богат биодиверзитет и ендемични и ретки видови, дури три природни езера меѓу кои и најстарото на европскиот континент, Македонија може и мора да размислува само во насока на одржлив развој.
Затоа, велат, забраната за цијаниди и сулфурна киселина во рударската индустрија е најмалку што пратениците во Собранието кои се избрани од граѓаните можат да направат за да ги заштитат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст