| четврток, 6 декември 2018 |

На средбата со Вучиќ: Каква порака крие палтото на хрватската претседателка?

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китановиќ во Загреб го пречека својот колега, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој е во официјална посета на таа земја. За оваа важна државничка посета, Грабар-Китановиќ одбра палто од етно-бутикот „Мара“ кој на ракавите, на глаголица, пишува „храброст“.

Со „генералското палто“ на кое на глаголица пишува „храброст“ хрватската претседателка испрати важна порака.

Не е прват Грабар-Китановиќ да ја носи оваа комбинација – рамни чевли, строго палто и пантолони. Мината година кога се сретна со Вучиќ во Белград носеше црно палто на чии ракави, на глаголица пишуваше „љубов“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top