Триесет дена притвор му е изречен на мажот од селото Пирава кој се сомничи дека извршил полов напад врз малолетник, информираше портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска на денешната прес-конференција.
Како што информира, половиот напад врз малолетник од страна на лицето Ц.А.(55) од село Пирава бил пријавен на 5-ти овој месец во полициската станица на Валандово. По тоа, Надворешната канцеларија за кирминалистички работи од Валандово до ОЈО во Велес поднела известување поради основано сомневање за сторено кривично дело „Полов напад врз малолетник, кој не наполни 14 годии“. По наредба на основен јавен обвинител пријавениот на 6 февруари бил лишен од слобода и предаден во ОЈО – Велес за прибирање на информации со цел навремено откривање, разјаснување и докажување на пријавеното кривично дело.
– Од страна на јавен обвинител во Велес дадени се насоки за постапување. Извршен е разговор со дете-жртва на полово дејствие во присуство на родител и социјален работник, рече портапаролката Рендевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст