Судењето за случајот Монструм со одлука на Кривичниот суд ќе продолжи на 14 март. Причина за одложувањето беше тоа што во обвинението кое обвинителот Наум Пановски го читаше во судница го нема делот во кој кривично се гони Сами Љута. Обвинението за Љута беше поднесено подоцна од обвинението за другите.
Судот го задолжи обвинителот да ги спои двете обвиненија во едно. Обвинителот Пановски читајќи го обвинението нагласи дека пред петкратното убиство, обвинетите го разгледувале теренот кај Смилковското Езеро, регистрирале колку лица и од која националност доаѓаат и го напуштаат местото.
Пановски ги читаше повредите од кои почитале четирите момчиња и рибарот и нагласи дека убиството обвинетите го сториле со умисла на свиреп и подмолен начин. Сторителите со автоматски пушки на жртвите од блиску им пукале во прстите, вратот, стапалата, стомакот, во градите.
Обвинителот спомена дека на обвинетите кои се опфатени со обвинителниот акт им помагале уште две лица чиј идентитет засега е неутврден. Тие им помогнале преку нелегален премин да побегнат во Косово.
Адвокатот на обвинетите во случајот „Монструм“, Насер Рауфи, по денешното рочиште во Кривичниот суд побара случајот да го презеде Специјалното јавно обвинителство.
-Очигледно постоеле прислушувани разговори за случајот – рече Рауфи по денешното рочиште, кое беше прво на кое обвинението го застапуваше Наум Пановски.
Инаку, СЈО веќе една година водела предистражна постапка за „Монструм“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст